Мундијалско лудило – Хрватите гледаат фудбал на трактор!

Фудбалската пасија во мундијалските денови добива неверојатни размери. Деновиве најинвентивни се хрватските навивачи кои за ништо на светот не би ги пропуштиле настапите на „коцкестите“, дури и кога имаат неодложна работа во поле.

За да не трши ни работата, а ни страста кон фудбалот, досетливите Славонци од селото Свињаревци во близина на Вуковар вградиле телевизор во трактор, па може натпреварите од СП во Русија да ги гледаат и додека работат во поле.

„Секогаш сме со нашите. Го следиме внимателно секој натпревар, без разлика дали е квалификациски или пријателски. Веднаш ја прекинуваме работата во поле и одиме пред ТВ. Во нашето место секогаш смислуваме нешто да доживувањето да биде уште попријатно, па се досетивме да ставиме ТВ на тракторот и така да ги гледаме натпреварите на СП“ – вели еден од жителите на селото за хрватските медиуми.

Вечерва на ТВ на тракторот главно настан е дуелот меѓу Хрватска и Аргентина.

Се вчитува...