Муратоглу: Серена може да го освои Ролан Гарос

Серена Вилијамс може да триумфира на тенискиот грендслем Ролан Гарос и покрај тоа што премногу рано, по раѓањето на детето, му се врати на тенисот, тврди тренерот на американската тенисерка, Патрик Муратоглу. Најуспешната во женскиот тенис се повлече од турнирите во Мадрид и во Рим и со тоа ја продолжи паузата без настапи на земејени терени која трае од Ролан Гарос во 2016 година.

„Серена може да постигне се. Работи многу напорно, се подобрува во сите сегменти многу брзо. Свесна е дека многу рано му се врати на тенисот и тоа и беше одлична лекција. Сигурен сум дека ќе се врати на време за Ролан Гарос – вели Муратоглу. 

Вилијамс направи обид да се врати на терените во март годинава, но премногу очигледно се мачеше со формата. Доживеа рани порази во Мајами и во Индијан Велс по што реши повторно да се повлече.

Патрик Муратоглу и е тренер на Серена од 2012 година. Со него како прв тренер, таа освои три титули на Вимблдон, три на УС Опен, два пати славеше на Ролан Гарос и на Австралија опен, а освои и олимписко злато.

Се вчитува...