Муричи потпиша за Лацио

Сега веќе е и официјално, најдобриот косовски напаѓач Ведат Муричи направи мегатрансфер пред дуелот со Македонија, селејќи се од Фенербахче во редовите на Лацио. Римскиот клуб подолго време преговараше со турскиот гигант за да го ангажира одличниот голгетер, за на крајот да биде постигнат договор, Лацио ќе плати 18 милиони евра, плус дополнителни два милиони доколку се активираат две клаузули во договорот.

Муричи потпиша петгодишен договор за плата од 2,2 милиони евра по сезона, по што косовскиот голгетер се врати назад во Турција, за да ги заврши последните бирократски формалности за добивање на работна дозвола во Италија. Италијанските медиуми најавуваат дека тој ќе му се стави на располагање на тренерот Инзаги веќе од петок, по што ќе биде во комбинација за првиот овосезонски натпревар на „лацијалите“, гостувањето на Сардинија против Калјари.

„Кога дојдов во Фенербахче, знаев дека пристигнувам во голем клуб, но наидов на љубов многу поголема од она што го очекував. Сега сум на почетокот на нова авантура, но секаде ќе ја носам љубовта кон Фенербахче“, порача Муричи по потписот за новиот клуб.

 

Се вчитува...