Мурињо: Ако јас се однесувам како Клоп, ќе биде…

Жозе Мурињо не би бил она што е доколку не направеше мини-конфликт по завршувањето на мечот со Ливерпул што неговиот тим го загуби со гол во 90. минута.

Видео-камерите го фатија поздравот по натпреварот меѓу Клоп и Мурињо, по што Португалецот нешто му пререкува на својот ривал, а стратегот на Ливерпул кратко му одговара. Во изјавата веднаш по мечот Мурињо истакна дека не му се допаднал односот на Клоп и прославата на победата.

„Му реков дека подобриот тим загуби вечерва. Тој не се согласи со мене. Сепак, би рекол дека ако јас се однесувам како него крај аут-линијата, ќе немам никаква шанса да го догледам мечот“, истакна Мурињо, кој во минатото во бројни наврати беше казнуван за дадените изјави против судиите во Премиер-лигата.

Се вчитува...