Мурињо бесен откако ВАР му ја „украде“ Европа: Ова повеќе не е спортот кој го обожувавме!

Не можеше Жозе Мурињо да го сокрие бесот по синоќешниот пораз (3-1) од Шефилд јунајтед, во натпревар во кој повторно во главна улога беше ВАР системот.

На Тотенхем во 33. минута му беше поништен, се чини, сосема регуларен погодок за 1-1 во тие моменти, иако според новите правила се суди и секое случајно играње со рака. Судијата најпрво го призна голот, но потоа по прегледување на ВАР се одлучи да го поништи. Според фер-плеј начелата, но и здравиот разум, факт е дека на Тотенхем му беше поништен гол кој можеби ќе го оставеше во трката за европски излез. Вака, тимот на Мурињо може да се збогува со тоа.

Тотенхем, по овој пораз, на шест кола пред крајот се седум бода зад Манчестер јунајтед кој е на петтата позиција, последното место кое води во Европа.

Лутината, сосема очекувано, Жозе Мурињо ја насочи кон ВАР технологијата која, според него, тотално го уништи фудбалот.

„ВАР го уништи фудбалот. Тоа повеќе не е спортот во кој сме се заљубиле и кој го обожувавме“ – кратко порача Мурињо по вчерашниот натпревар.

 

Се вчитува...