Мурињо ги избра своите „најдобри 11“: Нема место за Пандев!

Жозе Мурињо ги избра најдобрите 11 фудбалери кои ги тренирал во кариерата. Португалецот во својата богата кариера ги освои буквално сите трофеи што е можно да се освојат, а дел од неговите тимови беа дел од најдобрите фудбалери во историјата. Искусниот стратег правеше чуда со Порто и Интер, а ги водеше и Челси, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, пред сезонава да седне на клупата на Тотенхем.

Иако дел од тимот се големи ѕвезди, сепак за дел од нив немаше место. Во 11 најдобри нема имиња како Златан Ибрахимовиќ, Весли Снајдер, Пол Погба…, но и најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев со кого е добар пријател и денес, и со кого освои три трофеи на клупата на Интер.

Се вчитува...