Мурињо ги налути сите: Поразите во ЛШ не се ништо ново за Јунајтед

Негативната тактика и преголемата дефанзива како да не беа доволна причина за Жозе Мурињо да ги разочара фановите и членовите на управата на Манчестер јунајтед, па Португалецот додаде „сол на раната“ со својата изјава по мечот, дека поразите во ЛШ не се ништо ново за најтрофејниот англиски клуб.

„Сум седел на ова столче два пати претходно. Дојдов со Порто и го елиминирав јунајтед, истото потоа го сторив и со Реал Мадрид. Поразите и елиминациите во ЛШ не се ништо ново за овој клуб, затоа да не правиме трагедија од целата ситуација“ – изјави Мурињо, дополнително навлекувајќи го бесот на приврзаниците „црвените ѓавооли“.

Се вчитува...