Мурињо го краде Регуилон пред носот на Јунајтед

Манчестер Јунајтед десетина дена водеше интензивни преговори со Реал Мадрид за левиот бек Серхио Регуилон, но „црвените ѓаволи“ ќе останат со празни раце откако во трката се вмеша Жозе Мурињо. Стратегот на Тотенхем е во потрага по нови засилувања, по слабиот старт на сезоната стана јасно дека ќе биде неопходно освежување на играчкиот кадар, а Мурињо и директорот Леви се согласиле на единствениот услов на Реал Мадрид во преговорите – во договорот да биде вклучена клаузула со сума за која Реал би можел да го врати левиот бек назад на „Сантијаго Бернабеу“.

„Црвените ѓаволи“ ги договорија личните услови со фудбалерот, но не можеа да постигнат договор со Реал поради одбивањето да вметнат ваква клаузула во договорот. Тоа пак не му пречи на Мурињо, кој се согласил на оваа варијанта, се со цел да донесе квалитетно засилување и да се обиде да го разбуди „заспаниот џин“.

За официјализација на трансферот останува уште да се договорат личните услови со фудбалерот, но разговорите веќе се влезени во завршна фаза и се очекува Регуилон до крајот неделава и дефинитивно да се пресели во Тотенхем.

Се вчитува...