Мурињо го носи Левандовски во Фенербахче, а го брка Един Џеко кој оди во Бешикташ!?

Турските медиуми тврдат дека Роберт Левандовски е првата цел на Жозе Мурињо за засилување на Фенербахче во летниот преоден рок.

Според информациите, по крајот на ЕВРО 2024, Мурињо лично ќе се состане со Левандовски за да го убеди да го промени клубот.

„Тоа е ‘Операција Левандовски’ за Мурињо кој ќе го убедува да го прифати неговиот проект“ – пренесуваат Турците.

А, Левандовски го очекува уште последниот натпревар на ЕП 2024 против Франција во вторник од 18 часот, а потоа го напушта првенството затоа што Полска е првата селекција која е веќе елиминирана по групната фаза.

Левандовски неколку пати нагласи дека сака да остане во Барселона, но ништо не се знае кога е во прашање Мурињо. При доаѓање на Левандовски во Фенербахче, јасно е дека тогаш клубот го напушта Един Џеко кој сигурно нема да сака да грее клупа. Турците пренесуваат дека Џеко е блиску до премин во Бешикташ, и покрај тоа што за него се заинтересирани Хајдук и неговиот нов тренер, Џенаро Гатузо.

Се вчитува...