Мурињо го прибра и промашеното засилување на Манчестер Јунајтед

Фенербахче слабо ја стартуваше новата сезона под водство на Жозе Мурињо, но тоа беше повод за управата на турскиот гигант уште повеќе да се активира на пазарот и да доведе ново име по желба на трофејниот стратег.

Од денеска нов член на турскиот фудбалски гигант е Софијан Амрабат, мароканскиот интернационалец кој ја мина ланската сезона на позајмица во Манчестер Јунајтед, но воопшто не ги оправда очекувањата во дресот на „црвените ѓаволи“. Англискиот клуб реши да не го откупи договорот па тој се врати во Фиорентина, а „виолетовите“ се мачеа да најдат купец за перманентен трансфер на Амрабат.

Фенербахче го искористи тоа, па пред крајот на преодниот рок успеа да го доведе Мароканецот на едногодишна позамица. Амрабат денеска пристигна во Истанбул, а по деталните прегледи ќе следи и потпис на договорот со Фенер.

Се вчитува...