Мурињо го сака Ван Дајк во Реал Мадрид

Реал Мадрид планира дополнително да ја засили одбраната, веќе е извесно дека Антонио Ридигер нема да добие нов договор и следното лето ќе си замине од „Сантијаго Бернабеу“, а Жозе Мурињо сака како нов „командант“ на дефанзивата да го види Вирџил ван Дајк во „кралскиот клуб“.

Холанѓанецот ги минува последните месеци во дресот на Ливерпул и веќе е извесно дека тој летово како слободен играч ќе си замине од „Енфилд“, како легенда на најтрофејниот англиски клуб.

Ван Дајк јасно стави до знаење дека не размислува за пензија, но Мурињо се надева дека ќе го убеди да му се приклучи на Реал. Задачата нема да биде лесна, ако се знае дека за холандскиот ветеран интерес веќе покажаа Милан, Галатасарај и Интер Мајами, но „специјалниот“ е оптимист дека шпанскиот гигант може да излезе како победник од оваа трка.

Kлучниот дел сепак ќе биде – Мурињо „да преживее“ и да остане тренер на Реал до следното лето, за што ќе треба конечно да освои трофеј, нешто што на „кралевите“ не им успеа во последните две години.

Се вчитува...