Мурињо има нова желба, Тотенхем купува на “Камп Ноу”

Карлос Алења нема одиграно ниту една минута на теренот оваа сезона, а наскоро би можел да биде нов фудбалер на Тотенхем. Шпаските медиуми пишуваат дека младинскиот репрезентативец на Шпанија е жeлба на Мурињо кој сака да го види во своите редови во зимскиот преоден рок.

Минатата сезона Алења имаше неколку добри настапи во Барса и со тоа најави дека ќе биде сериозна опција и оваа сезона, но со доаѓањето на Роналд Куман работите се променија. Каталонските медиуми објавија дека Алења бил на листата од четири фудбалери кои биле казнети непосредно пред вчерашното „Ел Класико“ поради недоволно залагање на тренинзите, па јасно е дека Куман не смета сериозно на овој фудбалер.

Мурињо сака да ја искорити ситуацијата и да го доведе младиот среден играч во Тотенхем, со што дополнително би го засилил овој дел од тимот на „спарси“. Вредноста на Алења изнесува околу 20 милиони евра, но Тотенхем би можел да го добие овој фудбалер и на шестмесечна позајмица, со можност следното лето целосно да го откупи неговиот договор со каталонскиот гигант.

Се вчитува...