Мурињо има „случај Погба“ и во Тотенхем

Тотенхем го победи Вест Хем и остана во трката за настап во Лигата на шампионите. Сепак и покрај победата, Жозе Мурињо имал жестока караница со Тангуј Ндомбеле. Иако од клубот се обидоа да сокријат оваа информација, сепак британските медиуми пренесуваат дека тие двајца воопшто не комуницираат, а Ндомбеле одбива да соработува со Португалецот.

Французинот е најскапото засилување во историјата на Тотенхем откако Лион доби 80 милиони евра за трансферот. Ндомбеле беше желба на Покетино, но по неговиот отказ, тој воопшто не доби шанса кај Мурињо. Португалецот е решен во следниот преоден рок да се ослободи од Ндомбеле и на негово место да донесе фудбалер кој ќе треба да биде предводник во средината по заминувањето на Кристијан Ериксен во Интер.

Тотенхем во моментов е седми на првенствената табела со 45 бода, шест помалку од четвртопласираниот Челси.

Се вчитува...