Мурињо испишува нова страница во историјата на ЛШ

Жозе Мурињо вечерва на дуелот со Олимпијакос за првпат ќе го предводи Тотенхем на меч од ЛШ, пресметка на која „специјалниот“ ќе испише нова страница во историјата на елитното европско натпреварување.

Имено, Португалецот ќе стане прв стратег што водел три различни англиски клубови во Лигата на шампионите. Тој претходно не успеа да стигне до круната со Челси и со Манчестер Јунајтед, но не крие дека се надева дека со Тотенхем ќе направи чекор понапред од ланската сезона, кога „спарси“ стигна до големото финале, но таму загубија од Ливерпул.

„Не знам дали можеме да направиме чудо, но ќе направиме се да им биде „многу тешко“ на сите што играат со нас. И сакам да го знаете мојот став – да се игра финале од ЛШ е големо достигнување, но не е историја. Историја е кога ќе го кренете пехарот“ – изјави Мурињо.

Жозе Мурињо во тренерската кариера има две европски круни, со Порто во 2004 и со Интер во 2010 година. Во 2017 година како стратег на Манчестер Јунајтед тој стигна до трофејот во Лигата на Европа.

Се вчитува...