Мурињо: Како да игравме плеј-оф за пласман во Лигата на Шампионите

Жозе Мурињо се радуваше на триумф во дебито на клупата на Рома откако „волчицата“ во плеј-офот за Конференциската Лига славеше над Трабзонспор со 2-1 на гостински терен, а сите погодоци беа постигнати во второто полувреме.

По мечот португалскиот стратег не го криеше задоволството од прикажаното на неговиот тим, а се осврна и кон тежината на мечот за кој вели дека е од рангот на Лигата на Шампионите.

„Бевме цврсти на овој меч, но сеуште не сме физички добро подготвени. Ми се допадна тоа како одигравме па ќе имав позитивно мислење и доколку не победевме. Овој противник не беше на нивото на Конференциската Лига, повеќе личеше на меч од плеј-офот на Лигата на Шампионите. Не беше воопшто лесно. Имаат многу искусни играчи. И навивачите имаа своја улога. Направија одлична атмосфера. Но, не ни очекував да биде лесно, доколку некој мислел така погрешил“, изјави Мурињо.

Се вчитува...