Тотенхем купува дефанзивец од Челси

Тотенхем не може да се пофали со успешна сезона во Премиер – лигата, нема да успее да избори пласман ниту во Лигата на Европа, па менаџерот Жозе Мурињо веќе се фокусира на следниот шампионат. Потребен му е квалитетен дефанзивец со оглед дека Јан Фертонген ќе си замине од Лондон, а португалскиот стратег го најде во својот некогашен клуб Челси.

Курт Зума е дефанзивецот кој Мурињо би сакал да го има во Тотенхем од следната сезона. Подготвен е да плати 25 милиони фунти за да го доведе од „Стемфорд бриџ“ во другиот регион на Лондон. Челси би се согласил да го продаде Зума доколку Франк Лампард успее во намерата да го купи Деклан Рајс од Вест Хем.

Зума не е единствениот ас на Челси што Мурињо го посакува во таборот на „спарси“, Португалецот е во преговори и за доведување на Вилијан, кој летово ќе стане слободен играч по истекот на договорот со „сините“.

Се вчитува...