Жозе Мурињо од следната сезона би можел да го води Фенербахче. Турските медиуми пишуваат дека клубот од Истанбул започнал голема акција за да го доведе славниот португалски стручњак на својата клупа.
„Нексус Спорт“ пишува дека се е договорено и дека наводно Мурињо веќе испратил список со играчи кои сака да ги доведе следната сезона за конечно да го одведе Фенер до шампионската титула во Турција.
Мурињо беше отпуштен од Рома во средината на јануари оваа година и оттогаш е без работа. Тој ја освои Конференциската лига со римјаните во 2022 година, а минатата година загуби во финалето на Лига Европа од Севилја.
Португалецот со своите тимови двапати ја освои Лигата на шампионите, со Порто во 2004 година и со Интер во 2010 година, а во кариерата ги водеше и Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА