Мурињо најде голман: Едерсон од Бенфика ќе го менува Де Хеа

Манчестер јунајтед се бори да ја освои Лигата на Европа и да избори место во елитната Лига на шампиони следната сезона, но менаџерот Жозе Мурињо паралелно размислува и за изгледот на тимот во наредниот период. По најавите дека шпанскиот голман Давид Де Хеа ќе го напушти „Олд трафорд“ и ќе направи трансфер во Реал Мадрид, шефот на „црвените ѓаволи“ интензивно бара негов наследник. И се чини дека потрагата заврши во Лисабон.

Мурињо го посакува Едерсон, чуварот на мрежата на Бенфика, како замена за Де Хеа. Бразилскиот голман неодамна потпиша нов договор со клубот до 2023 година, при што Бенфика одреди отштетна клаузула од 60 милиони евра за негов трансфер во друг клуб. Сепак, се очекува со интензивни преговори во наредниот период Манчестер јунајтед да ја спушти отштетата до прифатливи за нив 30 милиони евра и да го ангажира Едерсон.

Се вчитува...