Мурињо: Навивачите на Рома треба да ни покажат почит

Рома се искачи на третата позиција на табелата во италијанското првенство откако славеше во натпреварот против Верона со 1-0. За „волчицата“ тоа беше трета победа во последните пет натпревари со што тимот предводен од Жозе Мурињо се најде на добар пат да избори настап во Лигата на Шампиони следната сезона.

Но, португалскиот стратег и покрај победата изрази незадоволство. Не од настапот на неговитe фудбалери, туку од навивачите на Рома за кои вели дека треба да оддадат поголема почит кон неговиот тим.

„Им честитав на сите фудбалери. Победи тимскиот дух во мечот против Верона. Сметам дека навивачите не покажуваат почит кон фудбалерите. Разочаран сум што фудбалерите не ги добиваат заслужените пофалби. Луѓето не критикуваат по 15 минути на теренот. Не ни помагате, но ќе зборуваме на крајот на сезоната“, кажа Мурињо.

Се вчитува...