Мурињо: Не ми е гајле кој ќе игра против Динамо, само знам дека мојот тим ќе биде силен

Жозе Мурињо најави дека ќе направи некои измени во составот на Тотенхем за вечерашниот натпревар против Динамо Загреб од осминафиналето во Европската лига. Португалецот потенцираше дека овој турнир е важен за тимот од Лондон, па вечерва очекува победа и поволен резултат кој ќе обезбеди пласман на неговиот тим во следната фаза.

Мурињо кажа дека сите играчи се максимално подготвени и се во одлична форма, па затоа и не се грижи за промените во составот.

„Нема да ја повторам поставата од натпреварот против Кристал Палас, ќе направам некои измени, но ќе извадиме силен тим. Фудбалерите работат навистина добро, сите тренираат напорно и сите сакаат да играат, па не ми е гајле кој ќе игра затоа што знам дека тимот ќе биде силен“, изјави Мурињо.

Се вчитува...