Мурињо не се грижи за отказ од Рома, веднаш би имал нов ангажман и тоа во Премиер-лигата

Во последно време Рома не игра онака како што се очекува од неа, особено по доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата. Португалецот засега не ги оправда очекувањата кои челниците на „волчицата“ ги имаа од него. Тимот има седум порази, од 16 натпревари. Клубот е на петото место, засега далеку од првите четири позиции со оглед дека Аталанта бега девет бода.

Во италијанската јавност се шпекулира дека кратко ќе трае одисеата на Мурињо во Рим. Но, тоа не треба да го загрижува „специјалниот“, затоа што наводно еден клуб од Премиер-лигата чека Мурињо да добие отказ, за да го ангажира на клупата. Станува збор за тимот на Евертон.

Евертон сезонава е во долниот дел на табелата, па на искусниот Рафа Бенитез му се одбројуваат деновите на клупата на „сините“ од Ливерпул. А, од Евертон како вистински тренер со кој може да ги исполнат амбициите е токму Мурињо. Мурињо работеше во Англија во екипите на Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Се вчитува...