Мурињо оди на „шопинг“: Португалецот ќе купува од својот поранешен клуб

Тренерот на Рома, контроверзниот Жозе Мурињо сака во своите редови да го доведе напаѓачот на Челси Тами Абрахам. Португалецот високо го цени младиот напаѓач и трансферот е близу до реализација.

Според англиските медиуми, Челси ќе заработи 40 милиони евра за трансфер на овој 23-годишен напаѓач. Тој минатата година испадна од стартниот состав на „сините“, а доаѓањето на Лукаку само ќе го оддалечи од неа, па ова е и главната причина зошто сака да си замине.

Лондонскиот клуб на тој начин ќе заработи убаво за играч кој е резервна опција кај Томас Тухел.

Се вчитува...