Мурињо плaти 3,3 милиони евра за затајување на данок

Судскиот процес во Мадрид против Жозе Мурињо за затајување на данок додека беше тренер на Реал Мадрид денеска конечно финишираше, откако португалскиот стратег се согласи да плати 3,3 милиони евра, сума со која „специјалниот“ го има оштетено буџетот на Шпанија.

Трофејниот стручњак во текот на целиот процес тврдеше дека доколку се прекршени законите, тоа е сторено без негово знаење, за на крајот да се согласи да ги плати парите што обвинителството ги побара од него.

„Цело време ми беше кажувано дека мојата состојба со даноците е комплетно легална. Неколку години подоцна, беше отворена постапка и ми беше речено дека морам да ја регулирам состојбата и да платам извесна сума. Не се бунев, не кажував ништо, само го платив она што се бараше од мене и сега случајот е затворен“ – изјави Мурињо.

Се вчитува...