Мурињо покажа големина: Влезе во соблекувалната на Динамо и им аплаудираше на Адеми, Ристовски и останатите „модри-момци“ (ВИДЕО)

Колку и да е егоцентричен, ексцентричен или одбивен за многумина кои не го сакаат поради неговото однесување, Жозе Мурињо и вечерва на „Максимир“ покажа големина.

Португалецот им покажа на сите како се однесува во случај на пораз и додека ти виси отказот на главата.

Мурињо по мечот се појави во соблекувалната на Диномо Загреб аплаудирајќи на момците на хрватскиот шампион за огромната победа и пласманот во четвртфиналето од Лигата на Европа, меѓу кои секако и на капитенот Аријан Адеми, и Стефан Ристовски…

Се вчитува...