Мурињо повторно има коментар за судењето: Нешто тука ми смрди…

Во осмото коло на Ла Лига, Реал Мадрид го победи Виљареал со 1:0 благодарение на голот на нивното скапо платено засилување, Јан Диоманде, но натпреварот помина во знакот на Винисиус Жуниор.

Бразилецот исто така ја затресе мрежата на Виљареал, но неговиот гол беше поништен бидејќи претходно го повлече Салиба за косата поради што заработи заработи црвен картон.

Токму овој инцидент го поттикна тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, да проговори за судењето во Ла Лига.

Иако првично изјави дека не сака да коментира, тој сепак се осврна конкретно на процесот на избор на судии.

„Овде нешто смрди. Обично, судијата се објавува 24 часа пред почетокот на натпреварот, па се прашувам зошто, пред нашите натпревари, секогаш дознавам кој ќе суди три недели однапред“, изјави Мурињо.

Се вчитува...