Мурињо се пофали: Само јас можам да имам ваква тетоважа (ФОТО)

Харизамтичниот тренер Жозе Мурињо претходната сезона испиша историја, освојувајќи ја Конференциската лига со Рома во историското издание на третото по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Со тоа тој стана единствениот на светот кој ги спои трофеите од Лигата на Шампионите, Лига Европа и Конференциска лига па на социјалните медиуми објави фотографија од тетоважата која ќе го краси неговото рамо.

„Радоста на римјаните ме натера да го направам ова. Мислев на некоја посебна тетоважа со која ќе дадам признание на сите клубови со кои ги освојував европските натпреварувања. Истовремено сакам едноставна тетоважа, некоја која само јас можам да ја имам. Алберто ми даде неколку предлози, а јас изменив неколку детели“, вели Мурињо.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jose Mourinho (@josemourinho)

Се вчитува...