Мурињо се вклучува во трката по Алекс Сандро

Бразилскиот лев бек Алекс Сандро ќе го напушти италијанскиот првак Јувентус, а тоа ги стави на готовс англиските премиерлигаши. Менаџерот на Челси, Антонио Конте, од поодамна го посакува на „Стемфорд бриџ“, а во трката за него се вклучува и Жозе Мурињо. Тој исто така има проблеми на левата бековска позиција, а Алекс Сандро би ги решил на најдобар можен начин.

Португалецот доби околу 90 милиони фунти за засилувања во зимскиот преоден рок и планира најголем дел од нив да потроши за ангажман токму на лев бек. Дени Роуз е исто така опција за Манчестер јунајтед, а Тотенхем за него бара 50 милиони фунти. Алекс Сандро е поскапата варијанта, но и реално многу поквалитетна, па Мурињо ќе се обиде да го победи Челси во трката за него.

Се вчитува...