Мурињо со провокативна порака до навивачите на Барса по големата победа: „Прегратка за сите вас…“

Реал Мадрид славеше голема победа од 1-2 на дерби-натпреварот против Барселона на „Камп Ноу“ во уште едно „Ел Класико“ кое го привлече светот.

Килијан Мбапе со два гола беше носителот на победата на „кралевите“.

По натпреварот, Мурињо одлучи да ги испровоцира фановите на каталонскиот клуб, на специфичен начин.

„Ја посветувам оваа победа на навивачите на Барселона кои денес не ми дозволија да спијам во хотелот. Дојдоа пред хотелот и пееја цела вечер, па не можев да спијам. Па, можеби не спиев, но затоа го победив нивниот тим. Им испраќам голема прегратка“, рече Мурињо по синоќешниот дуел.

Се вчитува...