Мурињо со прв трансфер летово, го засили и стручниот штаб

Пјери-Емил Хојбјерг е првото засилување на Тотенхем во летниот преоден рок откако „спарси“ успеаја да ја исполнат желбата на Жозе Мурињо и да го доведат данскиот репрезентативец во Лондон. За услугите на фудбалерот на Саутемптон се интересираше и Карло Анчелоти, но Тотенхем ја понуди сумата што ја побараа „светците“ – вкупно 22 милиони евра, добивајќи ја трката по Хојбјерг.

Данецот со години наназад е еден од најстандардните фудбалери во редовите на Саутемптон, но откако објави дека нема да потпише договор управата беше принудена да го продаде, за да не дозволи тој следното лето да си замине без никаква отштета. Воедно, двата клуба се договорија Саутемптон за 12 милиони евра да го купи од Тотенхем десниот бек Кајл Вокер Питерс, кој импресионираше при последната позајмица во таборот на „светците“.

Мурињо реши да го засили и стручниот штаб, каде го вклучи долгогодишниот фудбалер на „спарси“, Ледли Кинг. Поранешниот капитен на Тотенхем по пензионирањето во 2012 година работеше како клупски амбасарот, но Мурињо реши да го вклучи во работата во стручниот штаб, убеден дека Кинг со своето искуство може да влијае позитивно врз формата на дефанзивците.

Се вчитува...