Мурињо во елемент: Заниоло, за жал, останува во Рома

Жозе Мурињо потврди дека Николо Заниоло по пропаднатиот зимски трансфер ќе остане во Рома, но трофејниот стратег имаше и јасна порака – дека нема да смета на крилниот офанзивец во наредниот период.

Заниоло одби да тренира и игра за Рома за да осигура заминување од „Олимпико“, но откако понуда за него испрати само Борнмут, тој се премисли и реши да остане во клубот.

„Заниоло, за жал, останува во Рома. Зошто за жал… затоа што говориме за играч што одби да тренира, што одби да игра за нашиот клуб. Сакаше да си оди, па сега се премисли. Затоа и велам за жал, но едно треба да се знае – јас сметам само на оние фудбалери кои веруваат во проектот Рома“, изјави Мурињо.

„Волчицата“ викендов ќе игра дерби против Наполи, тим за кој Португалецот е убеден дека сезонава ќе стигне до шампионската титула.

„Не сакам да бидам погрешно разбран, ние секако ќе се бориме за победа, но би сакал уште сега да му ја честитам титулата на Наполи“, прокоментира харизматичниот тренер.

Се вчитува...