Мурињо за нервозната реакција на Деле Али: Па, игравме подобро откако тој излезе

Тотенхем загуби со 0-1 од Лајпциг во првиот осминафинале натпревар од Лигата на шампионите. Но, Жозе Мурињо не е премногу загрижен од поразот на својот тим, нагласувајќи дека фудбалерите дале се од себе…

„Да бидеме коректни кон момците, па дадоа се од себе. Ова е одлична група фудбалери, а од друга страна имавме цврст противник. Добро е познато со какви проблеми ние се соочувавме пред мечот. Па, ние како да влеговме во пресметка без оружје. Направивме се што можевме, и се уште сме во игра за пласман понатаму“ – истакна Мурињо по синоќешниот натпревар во Лондон.

Португалскиот стратег ја прокоментира и нервозната реакција на Деле Али откако го извади од игра.

„Мислам дека повеќе беше лут на себе, а не на мене. Игравме подобро откако тој излезе“ – искрен е Мурињо.

 

Се вчитува...