Мурињо заплака пред камерите по успехот во Тирана (ВИДЕО)

Жозе Мурињо со победата на неговата Рома во финалето од Конференциската лига стигна до својот петти трофеј во европските натпреварувања. Со тоа се изедначи со Џовани Трапатони како единствени кои успеале да стигнат до овој број на трофеи.

Харизматичниот португалски стратег кој емотивно го доживеа успехот не можеше да ги смири страстите и на телевизиското интервју.

„Испишавме историја. Штом стигнав во Рома знаев што ова натпреварување ќе значи на клубот. Ова е историја. Ние испишавме историја. Вложивме многу во ова натпреварување и на крајот се исплатеше“, изјави Португалецот кој на Рома и го донесе првиот голем европски трофеј.

Се вчитува...