Мурињо знае што сака: Верати и Бејл да пристигнат на „Олд трафорд“

Манчестер јунајтед остави зад себе релативно неуспешна сезона, но затоа менаџерот Жозе Мурињо не сака да препушти ништо на случајноста и планира да доведе квалитетни засилувања на „Олд трафорд“ ова лето. Бразилецот Фред потпиша за „црвените ѓаволи“, најавен е и младиот Португалец Диого Далот, но португалскиот стратег сака да повлече два големи потези.

Мурињо ги посакува италијанскиот интернационалец Марко Верати од Пари Сен Жермен и Велшанецот Герет Бејл од Реал Мадрид во тимот за следната сезона. Поради ова и побарал да му бидат одобрени околу 250 милиони евра за нови засилувања.

Бразилецот Фред ќе чини 62 милиони евра, Верати би пристигнал за околу 80 милиони евра, додека Манчестер јунајтед ќе понуди и 110 милиони евра за Бејл. Останува да се види дали „пазарот“ на Мурињо ќе биде така добар, како што претходно го испланирал.

Се вчитува...