Муса не се снајде во НБА, па потпиша за Анадолу Ефес

Џанан Муса не успеа да се снајде во НБА-лигата, па репрезентативецот на БиХ реши да се врати назад во Европа потпишувајќи договор со Анадолу Ефес со важност до 2023 година.

Суперталентираниот бек на 16-годишна возраст дебитираше за Цедевита во Евролигата, имаше извонредни настапи за кадетската и за младинската селекција на БиХ, по што уште како тинејџер реши да се пресели од другата страна на Атлантикот. Тој мина две сезони во тимот на Бруклин, каде одигра вкупно 54 натпревари за оваа екипа. Пред почетокот на сезоната 2020/21 беше трејдуван во Детроит, од каде неодамна доби отказ.

Откако во последните дваесетина дена не доби ниту една понуда од клуб од НБА-лигата, Муса реши да се врати во Европа. Анадолу Ефес експресно реагираше и ги договори сите детали од трансферот на 21-годишниот суперталент, кој наскоро ќе му се стави на располагање на тренерот Атаман.

Се вчитува...