Муслиу: Да не летаме многу во облаци, секој меч во овие квалификации ќе биде тежок

Дефанзивецот на Шкендија, Висар Муслиу веќе си го пронајде своето стандардно место во одбраната на македонската репрезентација низ досегашните натпревари во Лигата на нации. Па, Муслиу, без сомнение, се очекува да биде еден од дефанзивните столбови на тимот и низ квалификациите за ЕП 2020.

Сепак, и покрај силната верба во квалитетите на националниот тим Муслиу повикува на умереност пред стартот на квалификацискиот циклус и мудро и трпеливо да се пристапува на секој натпревар почнувајќи веќе од оној во четврток на „Филип Втори“ против Летонија….

„Знам дека владее еден вид еуфорија по оној наш успешен настап во Лигата на нациите. И тоа е одлично затоа што самодовербата е подигната на едно високо ниво, но мислам дека не треба многу да летаме во облаци но смирено, присебно да пристапиме на секој натпревар во овие квалификации. Не треба да се залажуваме дека ова ќе биде исто како во Лигата на нациите. Факт е дека секој меч сега ќе биде многу потежок и затоа треба максимален пристап. Но, како и да е, ние докажавме дека имаме квалитет, дека има одлични индивидуалци во тимот кои играат во најсилните европски лиги и сето тоа ни дава верба за позитивни резултати“ – вели Муслиу.

Се вчитува...