Муслиу: Да не се лажеме, ќе биде тешко во Грузија, но подготвени сме да „гинеме“…

Дефанзивецот на унгарски Мол Фехервар, Висар Муслиу е свесен дека македонската репрезентација ја очекува повеќе од тежок натпревар во Тбилиси против Грузија во финалето од Лигата на нации. Но, влогот е голем – пласманот на Европското првенство е повеќе од доволна мотивација да се даде максимумот на „Динамо арена“ на 12. ноември од 18 часот.

„Три години ја чекаме оваа шанса, и сигурно нема така лесно да ја пропуштиме. Ќе изгинеме на терен за да дојдеме до пласман на едно елитно натпреварување. Со Грузијците се сретнавме двапати изминативе три месеци, но сега ќе биде еден сосема поинаков натпревар. Ќе биде тешко, свесни сме за тоа…, но добро ги знаеме и сопствените квалитети кои треба да не понесат на патот до успехот“ – вели Муслиу.

Се вчитува...