Муслиу дојде во Шкендија, Вардар остана без уште еден репрезентативец

Репрезентативецот Висар Муслиу е нов член на Шкендија, а на македонскиот првак Вардар и неговото раководство сигурно не им е драго откако ривалот убаво ги изработи за да им го „украде“ членот на националниот тим.

Муслиу прво потпиша за косовскиот тим Приштина, а потоа како позајмен играч доаѓа во Шкендија, со опција за откупување на договорот на крајот од сезоната, што секако ќе се случи.

Раководството на Вардар го доведе Муслиу потпишувајќи со него договор со опција во секое време да може да си замине во странство, не знаејќи дека во модерниот европски фудбал може да се направи и „финта“, да потпишеш за клуб во странство и веднаш да бидеш позајмен назад во Македонија.

Висар Муслиу беше член на младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година која учествуваше на Европското првенство во Полска, а потоа се наметна и како стандарден член на А-селекцијата.

Се вчитува...