Мутињо останува во Монако до 2020

Португалскиот интернационалец Жоао Мутињо го продолжи договорот со Монако до 2020 година. Неговиот актуелен договор истекуваше на крајот од сезоната, а раководството на клубот му понуди продолжување на соработката за уште две сезони. Тој пристигна во Монако од редовите на Порто во 2013 година, а оттогаш одигра повеќе од 200 натпревари во дресот на „кнезовите“.

„Среќен сум што ќе останам во Монако најмалку уште две години. За ова време доживеав прекрасни моменти во клубот, а горд сум на освоената шампионска титула, како и на настапите во Лигата на шампионите. Убаво ми е во Монако и ќе продолжам да давам придонес во успесите на клубот“, изјави Жоао Мутињо.

Се вчитува...