МВП-то на турскиот шампионат го засили Ефес

Анадолу Ефес ги засили своите редови со ангажман на најкорисниот играч на турското првенство за сезоната 2022/23, Тајрик Џоунс. Американецот во редовите на двократниот шампион на Евролигата доаѓа од редовите на Турк Телеком.

Зад Џоунс кој претходно во кариерата ги бранеше и боите на Хапоел Тел Авив и Пезаро е успешна сезона во која забележа просек од 12.7 поени и 8 скокови, а притоа се најде и во втората петорка на сезоната во Еврокупот.

Се вчитува...