МЗТ е недопирлив – нова титула во витрините на аеродромци

МЗТ Скопје ја продолжи жетвата на трофеи во македонскиот кошарка со уште една шампионска титула, 13. во клупската историја откако аеродромци славеа со максимални 3-0 во финалната серија со Маџари. По двете победи на домашен терен, „металците“ вечерва славеа и во Маџари со резултат 74-80, за нов шампионски трофеј во клупските витрини.

Маџари беше подобар тим во почетната фаза од овој натпревар, но МЗТ постигна серија лесни поени преку Танасковиќ и не дозволуваше домашниот тим премногу да се одлепи. Андоновски постигна поени во самиот крај од првата четвртина што заврши 26-21 за Маџари, по што Андоновски и одличниот Марин Петков донесоа целосен пресврт во вториот период и на одмор се замина со водство на МЗТ Скопје од 42-46.

Третата четвртина донесе најмалку поени, вкупно 30 (14-16), па со тројката на Војдан Стојановски гостите влегоа во последните десет минути со водсво од 56-62. Маџари израмни на 66-6, но искусниот состав на МЗТ одигра одлично во клучните моменти, славејќи со конечните 74-80.

Војдан Стојановски со 17 поени беше најефикасен во победничкиот тим, 16 реализираше Танасковиќ, додека Марин Петков го заврши натпреварот со 11 поени.

Хот одигра импресивен натпревар со 20 поени и 18 скокови, Армстронг постигна 19, недоволно за Маџари со лимитиран ростер да го издржи пеколното темпо и да стигне барем до една победа во оваа финална серија.

Се вчитува...