МЗТ најде наследник за Мавра: Екс-играч на Лирија и на Кожув потпиша за аеродромци

МЗТ Скопје ќе ги засили своите редови со нов плејмејкер, кој денеска ќе се приклучи на тренинзите на актуелниот шампион како замена за Доминик Мавра, кој својата кариера ќе ја продолжи во литвански Лиеткабелис.

Србинот Алексеј Нешовиќ е изборот на раководството на „металците“ за нов организатор на играта на овој тим, кој би требало да внесе сигурност во нападот, но и цврстина во одбраната. Станува збор за 32-годишен кошаркар кој е добро познат на македонската јавност бидејќи пред неколку сезони настапуваше за Лирија, а потоа и за екипата на Кожув.

Од 2016 година Нешовиќ ги брани боите на ОКК Београд, од каде му се приклучува на МЗТ Скопје. Новиот кошаркар од вечерва ќе се приклучи на тренинзите, но речиси сигурно ќе го пропушти утрешниот дуел против Блокотехна, ривал кој во првиот круг од домашното првенство среде Аеродром го декласираше актуелниот шампион.

Тренерот Лукајиќ се соочува со се поголем притисок, па јасно е дека евентуален неуспех на домашната сцена, надополнет со катастрофалните изданија во АБА, може да придонесе Србинот во блиска иднина да добие отказ од својата функција.

Се вчитува...