Куманово имаше одличен прв дел и водство над МЗТ Скопје во натпревар од Првата кошаркарска лига. Предност од еден разлика пред стартот на вториот дел, но потоа како некои нови „металци“ да излегоа на теренот во Куманово за конечен триумф од 68-88.
Третиот период МЗТ го доби со 28-17, а четвртиот уште поубедливо (13-29), па така на крајот славеа и убедлива победа.
Куманово имаше сили само едно полувреме да му парира на фаворитот, а одлучувачки беше вториот дел кога домашните играчи целосно „паднаа“, а тоа го искористија „металците“.
За Куманово не беа доволни ниту 21 поен на Марјановиќ кој беше најефикасен на средбата, додека кај МЗТ Кук постигна 17.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА