МЗТ победнички во Охрид за враќање на третата позиција

Сосема очекувано МЗТ Скопје оправдувајќи ја фаворитската улога убедливо славеше на гостувањето во Охрид во 21. коло од Првата македонска кошаркарска лига. „Металците“ славеа против АВ Охрид со 63-91.

Уште од самиот старт избраниците на Жељко Лукајиќ сериозно му пристапија на натпреварот па веќе по првата четвртина имаа предност од 12-25. Се понатаму беше само рутина за заокружување на победата која на крајот изнесуваше цели 28 поени разлика.

Најефикасни во победничкиот тим беа Дејан Стојановски и Маслинко со по 17 постигнати поени. По 16 поени постигнаа Соколов и Лалиќ, кој имаше и 9 скока. Во поразениот состав на Охрид се издвоија Зимиќ и Кенет со по 21 постигна поен.

По овој триумф, МЗТ Скопје со 15 победи и 6 порази се врати на третата позиција на табелата со 36 бода, два помалку од второпласираната Блокотехна и шест помалку од водечкиот Работнички кој има 21 максимална победа од исто толку дуели.

Се вчитува...