МЗТ против Гостивар ќе се загрева за Студентски Центар

Второто коло од Првата кошаркарска лига ќе биде комплетирано денеска во СЦ „Јане Сандански“ каде од 19 часот силите ќе си ги одмерат МЗТ Скопје и Гостивар. „Сино-белите“ тимови сезоната ја започнаа со победи па ќе биде интересно да видиме кој ќе продолжи по стапките на Еуро Никел и Феникс 2010.

Актуелниот шампион и АБА-лигаш е фаворит за денешниот дуел, но гостиваци ќе се обидат да го искористат густиот распоред на аеродромци за изненадување. За тоа да се случи избраниците на Малинков ќе мораат да бидат на врв на својата задача во текот на сите 40. минути бидејќи и мало опуштање против репрезентативците во таборот на „штрковите“ знае многу да чини. Воедно, овој дуел ќе биде добра можност за воигрување и влегување во победнички ритам пред важниот меч од АБА-лигата в сабота, против Студентски Центар.

Последните пет средби на овие два тима завршија со победи на МЗТ Скопје, но Гостивар знае како се победува во СЦ „Јане Сандански“. Последен пат кога гостиварци ги изненадија аеродромци беше пред две сезони кога гостите предводени од Доналдсон, Димчевски, Џелатовиќ и Костоски славеа во Аеродром, но тој состав сега останати се само браќата Димитриевски па „нови момци“ ќе мораат да го остават срцето на терен за победа.

Овој дуел воедно ќе биде и добро загревање за МЗТ Скопје пред еден од клучните натпревари во АБА лигата против Студентски Центар кој ќе биде одигран во сабота.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)


Претходни натпревари од 2. коло:

Чаир 2030 – ТФТ 83-87
Пелистер – Работнички 92-76
Феникс 2010 – Академија ФМП 79-62
Еуро Никел – Куманово 84-58
Кожув – Струмица 88-86

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ЕКИПА (@ekipa.mk)

Се вчитува...