МЗТ против Олимпија брка АБА изненадување – нека биде како во 2016 година (ВИДЕО)

АБА-лигашките предизвици за МЗТ Скопје продолжуваат денеска од 17 часот во СЦ „Јане Сандански“ каде на македонскиот шампион на гостува словенечкиот Цедевита Олимпија. Против „змајчеги“ аеродромци ќе бараат изненадување и воедно крај на серијата на порази во регионалното првенство која се искачи на девет во низа.

Против четвртопласираната екипа во АБА која воедно настапува и во Еврокупот нема да биде лесно, но предводникот на аеродромци, Драган Николиќ верува дека со енергичен пристап неговиот тим може да се надева на победа.

„Против себе ќе имаме екипа од Еврокупот, која е меѓу четирите најдобри ви АБА и кој е предводена од квалитетен тренер со континуитет во работата. Лидери се Фарел, Адамс и Омиќ, а важат за одлична шутерска екипа предводени од Јеремиќ. Цедевита Олимпија има фантастичен напаѓачки потенцијал и не случајно е таму каде што е. Нашиот здравствен билтен е далеку поповолен, а играчите се освежени бидејќи неделава немаа натпревар туку само тренираа. Очекувам енергијата да биде на максимално ниво, како на претходните неколку домашни средби, но не и како на минатиот дуел кај Студентски Центар. Само со таков пристап и игра ќе може да се надеваме на поволен резултат“, изјави Николиќ.

Во дванаесетте меѓусебни средби, МЗТ Скопје на победа се радуваше пет пати, а последниот „сино-бел“ триумф дојде токму во Аеродром кога во 2016 година предводени од Јончевски аеродромции имаа неверојатен камбек во последната четвртина. Словенците тогаш имаа водство и од 15 поени, но со обидите за три поени „штрковите“ успеја да направат серија од 20-6 за минимална победа пред својата публика.

Се вчитува...