МЗТ Скопје без многу мака до триумф над Куманово (87-74)

Кошаркарите на МЗТ Скопје, по оној драматичен пораз од Блокотехна во Гевгелија, се вратија на победите во домашниот шампионат славејќи во 16. коло против Куманово на домашен терен со 87-74 (25-23,26-18,25-17,11-16).

Без многу мака „металците“ стигнаа до триумфот и покрај израмнетата прва четвртина. Сепак, во вториот период успеаја да стигна до двоцифрена предност која потоа постојано ја зголемуваа за време на мечот.

Пред последната четвртина МЗТ Скопје имаше предност и 18 поени разлика (76-58), за да во финишот со ротации во тимот се дозволија кумановци малку да го ублажат поразот на конечни 87-74.

Најефикасен во домашниот тим беше Американецот Крoфорд со 21 поен, дополнето и со 9 асистенции, а го следеа Трајковски со 16 поени, Дамјан Стојановски со 15 поени и Спасојевиќ со 12 постигнати поени. Кај Куманово се издвоија Стајиќ со 18 поени, Мекиќ со 15 поени и Ковач со 15 поени и 5 скока.

Македонскиот шампион по овој триумф стигна до 12-та победа, наспроти и четири порази во досегашниот тек од шампионатот, останувајќи на третата позиција на табелата. Куманово, пак, е на 5. место со 10 победи и 6 порази.

Се вчитува...