МЗТ Скопје го „скрши“ Пелистер (84-54)

Македонскиот шампион МЗТ Скопје стигна до осмиот триумф сезонава совладувајќи го Пелистер со резултат од 84-54(25-13, 26-20, 13-7, 20-14), комплетирајчи го 11. коло во македонската Прва лига. „Металци“ рано ја превзедоа контролата врз мечот и за брзо остварија двоцифрена предност. До полувремето МЗТ веќе имаше високи +18, а во продолжението од средбата екипата од Аеродром ја направи победата посигурна со остварени 30 поени предност.

Бојан Трајковски и Марко Симоновски го предводеа македонскиот првак, пред се со нивниот учинок од линијата за три поени. Трајковси заврши со 23 поени и 100% реализацијата за три (4/9), додека Симоновски забележа 18 поени. Роберт Луис беше најефикасен за Пелистер со 19 поени.

Следниот натпревар на „металците“ е в недела, на гостински терен против Цибона во Загреб, во рамки на АБА-лигата.

Се вчитува...