Екипата на МЗТ Скопје Аеродром и следната сезона ќе биде дел од АБА2-лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција која следува за шампионот на Македонија. Ова ќе биде втора сезона за „металците“ во ова натпреварување
„Во новата сезона во АБА-2 лигата ќе дадеме се од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би не вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред се на младите таленти во нашиот состав“ – велат од МЗТ Скопје.
МЗТ Скопје Аеродром минатата сезона играше во финалето од ова натпреварување, кое за првпат беше во плеј-оф формат против Сикст Приморска. Потоа во бараж-пресметката за враќање во АБА лигата загуби од хрватски Задар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА