МЗТ Скопје ја полни касата на федерацијата: Аеродромци казнети за „Перо Кантиќ“

Кошаркарската федерација на Македонија продолжува да ја полни касата од казни изречени кон МЗТ Скопје. Откако го казни актуелниот шампион со 300 илјади денари за слики објавени на социјалната мрежа Фејсбук, ќе наплати и 24 илјади денари од вечното дерби.

Имено, според официјалниот билтен број 6, аеродромци се казнети за „неспортското скандирање“ кон тренерот на Работнички, Тони Симиќ со осум илјади денари и дополнителни 16 илјади денари за транспарентот насловен „Перо Кантиќ“.

Како потсетување дерби натпреварот во Аеродром беше прекинат по истакнување на транспарентот, а откако навивачите го отстранија средбата продолжи.

Се вчитува...