МЗТ Скопје ќе добие 200.000 евра општински пари, 2,5 пати помалку од Работнички

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ќе добие 200.000 евра од буџетот на Општина Аеродром за следната година. Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, потврди дека клубот ќе добие финансиски средства, но за разлика од другите години многу повеќе пари ќе бидат наменети за заштита на животната средина, односно 325.000 евра.

Во споредба со градскиот ривал Работнички, „металците“ од својата општина ќе добиваат 2,5 пати помалку финансии. Претходно Општина Центар објави дека Работнички ќе добие околу 490.000 евра како поддршка за клубот. Градоначалникот Саша Богдановиќ, кој е познат како голем фан на Работнички, за „центарци“ предвидел многу поголем општински буџет.

Претходно, градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев, изјави дека веќе нема да дава пари за кошаркарскиот клуб Карпош Соколи, за кој минатата година екс-градоначалникот Стевчо Јакимовски издвоил 620.000 евра.

Се вчитува...